Wayferer oval – болдирана овална рамка која интересно одговара на повеќе форми на лице, погодна за вградување на повисоки диоптрии, бидејќи ја крие дебелината. Направена од фотосензитивен материјал, кој ја менува бојата на сонце.
Domenico Dolce и Stefano Gabbana го рефлектираат својот раскошен стил во дизајнот на очилата, носејќи ја својата визија за луксуз и италијанска елеганција во секој модел. Luxottica го претвора нивниот концепт во готови производи со највисок квалитет.