Carolina Herrera
Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.
RayBan
Round metal – карактеристичните кругчиња на RayBan. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика.
David Beckham
David Beckham – луксузен бренд изработен од премиум материјали. Самиот Beckham, кој е познат по префинетиот стил, учествува во дизајнирањето на моделите. Брендот го носи неговиот печат на елеганција и практичност.
RayBan
Wayferer ease – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка.
Emporio Armani
Машки модел кој носи спортски и стилски шмек Црна мат пластика од многу лесен материјал и поликарбонатни некршливи леќи Суптилна метална бренд плочка на слепоочниците
Versace
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.
Guess
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
Emporio Armani
Женски бестселер во Emporio Armani Округла пластична рамка, со дезенирани метални дршки Додаток – два клипа кои лесно се прикачуваат со магнет
Vogue
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.
Armani Exchange
Armani Exchange – младешката, урбана линија на очила од реномираниот моден бренд Armani. Оваа колекција е насочена кон помладата публика и комбинира модерен дизајн со достапен луксуз. Дизајните вклучуваат смели линии, свежи бои и минималистички елементи.

