Прикажувам 1249–1264 од 1715 резултати
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Овој Vintage стил на RayBan обединува повеќе форми, градејќи притоа сопствена уникатност. Доаѓа со кристални стакла 3р поларизирани и лесен метал на рамката кој едвај го чувствувате.
Swarovski очилата се синоним за префинетост и блескав стил. Процесот на производство на Swarovski кристалите е строго чувана тајна од 1895 година, денес успешно вградувани во луксузните линии на брендот.
Carrera – креиран во 1956 година во Австрија, како високо квалитетен спортски бренд. Брендот често се поврзува со автомобилизам, што се одразува во динамичност во стилот. Нагласена естетика, која вклиучува смели и авангардни форми.