Прикажувам 1361–1376 од 3173 резултати
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направен овој рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот и секогаш 100% UV заштита за леќите.
Persol e еден од ретките брендови кои се произведуваат исклучиво во Италија и сите се рачно изработени. Користат исклучиво најфина ацетатна пластика и кристални стакла. Тие се омилен бренд во old money елитата.
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.
Chris – последниве години најпродаваниот RayBan модел, лесен и пријатен, ненаметлив, но софистициран, тој е дефиниција за минимализам.
Уште една стилска икона на RayBan, со нагласена машкост, кој овде доаѓа со кристални стакла.