[aws_search_form]
[aws_search_form]
[aws_search_form id=1]

RayBan

За овој модел е карактеристична Chromans 3p поларизација – технологија која го зголемува контрастот и ги појачува боите, така што ги селектира брановите должини на зраците кои смеат да поминат низ леќата. Поради тоа, погледот низ овие очила е исклучително јасен и пријатен.

David Beckham

David Beckham – луксузен бренд изработен од премиум материјали. Самиот Beckham, кој е познат по префинетиот стил, учествува во дизајнирањето на моделите. Брендот го носи неговиот печат на елеганција и практичност.

Versace

Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.

Emporio Armani

Машки модел кој носи спортски и стилски шмек Тегет мат пластика од многу лесен материјал и поликарбонатни некршливи леќи Суптилна метална бренд плочка на слепоочниците

Ana Hickmann

Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е  иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.

RayBan

Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли, овални и срцевидни форми на лице.