Прикажувам 673–688 од 3065 резултати
Fendi очилата се познати по својот луксузен и авангарден дизајн, иновативни несекојдневни форми и препознатливиот FF монограм Лиценцата за дизајн, произвотство и дистрибуција на брендот, ѝ е доверена на италијанската компанија Thélios Group. Се произведуваат исклучиво во Италија, од високо квалитетни материјали како ацетат и титаниум со рачно завршени детали.
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.
Michael Kors – дизајните се инспирирани од модерниот, урбан начин на живот, со детали кои нагласуваат раскошност. Главниот креативен ум кој стои зад дизајнот на сите колекции е шармантниот американски дизајнер Michael Kors.
Симплистички машки модел, исклучително издржлив, изработен од јак, но лесен метал и поликарбонатни некршливи леќи.
Erika metal – метална верзија на популарната Ерика, овде во изразита златна боја, делува навистина моќно.