[aws_search_form]
[aws_search_form]
[aws_search_form id=1]

Versace

Современ мачкаст дизајн што никогаш не излегува од мода.Овие Versace очила имаат меко заоблени линии со благо зашилени рабови, што им даваат елегантен и префинет изглед. Металниот детаљ со медуза – еден од препознатливите симболи на брендот – е внимателно вграден во страничниот дел, додавајќи модерен и малку дрзок акцент. Изработени од лесен, квалитетен инјектиран […]

14.990 ден

    Swarovski

    Swarovski очилата се синоним за префинетост и блескав стил. Процесот на производство на Swarovski кристалите е строго чувана тајна од 1895 година, денес успешно вградувани во луксузните линии на брендот.

    Ana Hickmann

    Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е  иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.

    Guess

    Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.

    Carolina Herrera

    Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.

    Boss

    Boss – совршен бренд за професионални и формални прилики. Се одликува со елегантни линии, дискретни детали и квалитетни материјали. Едноставна елеганција е термин кој најдобро го дефинира.