RayBan
Andy стилот е варијација на карактеристичниот Wayfarer, но посмирен и поблаг. Минимализмот е недвосмислено присутен. Исклучително е лесен и еластичен, доаѓа со некршливи поликарбонатни леќи.
Guess
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
Prada
Aвангардната и визионерска естетика на Prada очилата се дело на креативниот тим на Miuccia Prada, која ги инспирира сите аспекти на колекциите на брендот. Производството на очилата е доверено на Luxottica, која осигурува висок квалитет и прецизност во изработката.
RayBan
Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли, овални и срцевидни форми на лице.

