RayBan
Варијација на препознатливите кругчиња на RayBan. Унисекс модел, овде во транспарентна розе голд нијанса Пластичен фронт со метални дршки и прилагодливи носници.
Emporio Armani
Машка правоаголна рамка, одговара на сите форми на лице Ацетатна пластика, која лесно се формира според анатомијата на лицето
Guess
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
Vogue
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.
Carolina Herrera
Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.

