Guess
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
RayBan
Модел кој асоцира на мислители и визионери Комбинација од лесен метал и лесна пластика Прилагодливи носници
David Beckham
David Beckham – луксузен бренд изработен од премиум материјали. Самиот Beckham, кој е познат по префинетиот стил, учествува во дизајнирањето на моделите. Брендот го носи неговиот печат на елеганција и практичност.
RayBan
Justin е еден од најпродаваните модели на RayBan, стилски лесно адаптабилен и удобен.
Michael Kors
Michael Kors – дизајните се инспирирани од модерниот, урбан начин на живот, со детали кои нагласуваат раскошност. Главниот креативен ум кој стои зад дизајнот на сите колекции е шармантниот американски дизајнер Michael Kors.
Prada
Aвангардната и визионерска естетика на Prada очилата се дело на креативниот тим на Miuccia Prada, која ги инспирира сите аспекти на колекциите на брендот. Производството на очилата е доверено на Luxottica, која осигурува висок квалитет и прецизност во изработката.
RayBan
Популарниот Aviator на RayBan е роден во 1937 година со конкретна намена: Да ги заштити очите на US борбените пилоти од сончевите зраци. Денес Aviator е целосно ребрендиран и модернизиран. Овој модел доаѓа со кристални стакла.

