Wayferer oval – болдирана овална рамка која интересно одговара на повеќе форми на лице, погодна за вградување на повисоки диоптрии, бидејќи ја крие дебелината. Направена од фотосензитивен материјал, кој ја менува бојата на сонце.
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот и секогаш 100% UV заштита за леќите.