[aws_search_form]
[aws_search_form]
[aws_search_form id=1]

RayBan

За овој модел е карактеристична Chromans 3p поларизација – технологија која го зголемува контрастот и ги појачува боите, така што ги селектира брановите должини на зраците кои смеат да поминат низ леќата. Поради тоа, погледот низ овие очила е исклучително јасен и пријатен.

RayBan

Материјалот е најфин ацетат кој му дава ергономичност на моделот, стаклата се 3р поларизирани, кристални и антирефлексни. Формата е правоаголна со омекнати рабови, а бојата е црна нанесена врз транспарентна основа, што му дава шик изглед.

Vogue

Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.

Ana Hickmann

Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е  иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.