Прикажувам 225–240 од 495 резултати
Wayferer oval – болдирана овална рамка која интересно одговара на повеќе форми на лице, погодна за вградување на повисоки диоптрии, бидејќи ја крие дебелината. Направена од фотосензитивен материјал, кој ја менува бојата на сонце.
Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли форми на лице.
Класична правоаголна метална машка рамка, со прилагодливи носници. Одговара на речиси секоја форма на лице.
Популарниот Aviator на RayBan е роден во 1937 година со конкретна намена: Да ги заштити очите на US борбените пилоти од сончевите зраци. Денес Aviator е целосно ребрендиран и модернизиран. Овој модел доаѓа со кристални стакла.
Модата од `90 се враќа повторно на сцена. Ова е моќен машки модел, силен во стилот.
Andy стилот е варијација на карактеристичниот Wayfarer, но посмирен и поблаг. Минимализмот е недвосмислено присутен. Исклучително е лесен и еластичен, доаѓа со некршливи поликарбонатни леќи.