Прикажувам 177–192 од 495 резултати
Yevi – хексагонален модел на RayBan кој доаѓа директно од `70. Тенок и дискретен, но моќен.
Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли, овални и срцевидни форми на лице.
Правоаголна машка полурамка Во исто време спортска и елегантна Напомена: консултирајте не` околу видот на стаклото
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направен овој рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Елегантна правоаголна метална машка рамка со жица на долниот дел, одлично прилега на секоја форма на лице. Напомена: консултирајте не` при изборот на стакла.
Популарниот Aviator на RayBan е роден во 1937 година со конкретна намена: Да ги заштити очите на US борбените пилоти од сончевите зраци. Денес Aviator е целосно ребрендиран и модернизиран. Овој модел доаѓа со кристални стакла.
Карактеристичните кругчиња на RayBan сега со дупли мост, кој му дава несекојдневност на стилот. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика. Доаѓа со кристални стакла.
Erika metal – метална верзија на популарната Ерика, овде во изразита златна боја, делува навистина моќно.