RayBan
Варијација на препознатливите кругчиња на RayBan. Унисекс модел, овде во транспарентна розе голд нијанса Пластичен фронт со метални дршки и прилагодливи носници.
Ana Hickmann
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.
Fendi
Fendi очилата се познати по својот луксузен и авангарден дизајн, иновативни несекојдневни форми и препознатливиот FF монограм Лиценцата за дизајн, произвотство и дистрибуција на брендот, ѝ е доверена на италијанската компанија Thélios Group. Се произведуваат исклучиво во Италија, од високо квалитетни материјали како ацетат и титаниум со рачно завршени детали.
RayBan
Hexagonal е симплистички унисекс модел на RayBan, кој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел. Доаѓа со кристални стакла.
Vogue
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комф.орни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.
Michael Kors
Michael Kors – дизајните се инспирирани од модерниот, урбан начин на живот, со детали кои нагласуваат раскошност. Главниот креативен ум кој стои зад дизајнот на сите колекции е шармантниот американски дизајнер Michael Kors.

