Ana Hickmann
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.
RayBan
Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли форми на лице.
David Beckham
David Beckham – луксузен бренд изработен од премиум материјали. Самиот Beckham, кој е познат по префинетиот стил, учествува во дизајнирањето на моделите. Брендот го носи неговиот печат на елеганција и практичност.
Carolina Herrera
Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.
Armani Exchange
Armani Exchange – младешката, урбана линија на очила од реномираниот моден бренд Armani. Оваа колекција е насочена кон помладата публика и комбинира модерен дизајн со достапен луксуз. Дизајните вклучуваат смели линии, свежи бои и минималистички елементи.

