David Beckham
RayBan
Популарниот Aviator на RayBan е роден во 1937 година со конкретна намена: Да ги заштити очите на US борбените пилоти од сончевите зраци. Денес Aviator е целосно ребрендиран и модернизиран. Овој модел доаѓа со кристални стакла.
Carolina Herrera
Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.
RayBan
Wayferer ease – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка.

