Dolce & Gabbana
Domenico Dolce и Stefano Gabbana го рефлектираат својот раскошен стил во дизајнот на очилата, носејќи ја својата визија за луксуз и италијанска елеганција во секој модел. Luxottica го претвора нивниот концепт во готови производи со највисок квалитет.
Guess
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
RayBan
Mega wayfarer – модерен спој на rock и art, бара храбри индивидуи за да го носат. Унисекс модел кој доаѓа со кристални стакла.
Hugo Boss
Hugo Boss – совршен бренд за професионални и формални прилики. Се одликува со елегантни линии, дискретни детали и квалитетни материјали. Едноставна елеганција е термин кој најдобро го дефинира.
Swarovski
Swarovski очилата се синоним за префинетост и блескав стил. Процесот на производство на Swarovski кристалите е строго чувана тајна од 1895 година, денес успешно вградувани во луксузните линии на брендот.
Versace
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.

