Fendi
Fendi очилата се познати по својот луксузен и авангарден дизајн, иновативни несекојдневни форми и препознатливиот FF монограм Лиценцата за дизајн, произвотство и дистрибуција на брендот, ѝ е доверена на италијанската компанија Thélios Group. Се произведуваат исклучиво во Италија, од високо квалитетни материјали како ацетат и титаниум со рачно завршени детали.
Vogue
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.
Calla Bianca
Отпорен на висока и ниска температура. Oтпорен на гребнатини корозија и оцрнување. Безбеден за животната средина и може се рециклира. Антиалерген.
RayBan
Erika – последниве години најпродаваниот RayBan модел, лесен и пријатен, ненаметлив, но софистициран, тој е дефиниција за минимализам.
RayBan
Модернизирана верзија на RayBan од `60 години на минатиот век, со своите оштри рабови и дебела пластика, ова е модел за смели девојки. Пластиката е ацетатна, а стаклата се кристални.
David Beckham
David Beckham – луксузен бренд изработен од премиум материјали. Самиот Beckham, кој е познат по префинетиот стил, учествува во дизајнирањето на моделите. Брендот го носи неговиот печат на елеганција и практичност.

