Carrera
Carrera – креиран во 1956 година во Австрија, како високо квалитетен спортски бренд. Брендот често се поврзува со автомобилизам, што се одразува во динамичност во стилот. Нагласена естетика, која вклиучува смели и авангардни форми.
Armani Exchange
Armani Exchange – младешката, урбана линија на очила од реномираниот моден бренд Armani. Оваа колекција е насочена кон помладата публика и комбинира модерен дизајн со достапен луксуз. Дизајните вклучуваат смели линии, свежи бои и минималистички елементи.
Guess
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
Vogue
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот и секогаш 100% UV заштита за леќите.

