Прикажувам 581–600 од 3882 резултати
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Michael Kors – дизајните се инспирирани од модерниот, урбан начин на живот, со детали кои нагласуваат раскошност. Главниот креативен ум кој стои зад дизајнот на сите колекции е шармантниот американски дизајнер Michael Kors.
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.