No products were found matching your selection.
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.
Aвангардната и визионерска естетика на Prada очилата се дело на креативниот тим на Miuccia Prada, која ги инспирира сите аспекти на колекциите на брендот. Производството на очилата е доверено на Luxottica, која осигурува висок квалитет и прецизност во изработката.
Карактеристичните кругчиња на RayBan сега со дупли мост, кој му дава несекојдневност на стилот. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика.
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.
Овој класичен модел на RayBan е успешна комбинација на круг и квадрат. Лесно се вклопува во многу форми на лице, ергономичен, унисекс. Овде доаѓа со кристални стакла.
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направен овој рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.