No products were found matching your selection.
За овој модел е карактеристична Chromans 3p поларизација – технологија која го зголемува контрастот и ги појачува боите, така што ги селектира брановите должини на зраците кои смеат да поминат низ леќата. Поради тоа, погледот низ овие очила е исклучително јасен и пријатен.
Jack е симплистички унисекс модел на RayBan, кој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел. Доаѓа со кристални стакла.
Fendi очилата се познати по својот луксузен и авангарден дизајн, иновативни несекојдневни форми и препознатливиот FF монограм Лиценцата за дизајн, произвотство и дистрибуција на брендот, ѝ е доверена на италијанската компанија Thélios Group. Се произведуваат исклучиво во Италија, од високо квалитетни материјали како ацетат и титаниум со рачно завршени детали.
Persol e еден од ретките брендови кои се произведуваат исклучиво во Италија и сите се рачно изработени. Користат исклучиво најфина ацетатна пластика и кристални стакла. Тие се омилен бренд во old money елитата.