Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.
Карактеристичните кругчиња на RayBan сега со дупли мост, кој му дава несекојдневност на стилот. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика. Доаѓа со кристални стакла.