No products were found matching your selection.
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Persol e еден од ретките брендови кои се произведуваат исклучиво во Италија и сите се рачно изработени. Користат исклучиво најфина ацетатна пластика и кристални стакла. Тие се омилен бренд во old money елитата.
Swarovski очилата се синоним за префинетост и блескав стил. Процесот на производство на Swarovski кристалите е строго чувана тајна од 1895 година, денес успешно вградувани во луксузните линии на брендот.