No products were found matching your selection.
Michael Kors – дизајните се инспирирани од модерниот, урбан начин на живот, со детали кои нагласуваат раскошност. Главниот креативен ум кој стои зад дизајнот на сите колекции е шармантниот американски дизајнер Michael Kors.
Wayferer, најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Ова е основниот напродаван модел од црна сјајна ацетатна пластика со кристални стакла на кои дискретно е изгравирано логото.
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.
Fendi очилата се познати по својот луксузен и авангарден дизајн, иновативни несекојдневни форми и препознатливиот FF монограм Лиценцата за дизајн, произвотство и дистрибуција на брендот, ѝ е доверена на италијанската компанија Thélios Group. Се произведуваат исклучиво во Италија, од високо квалитетни материјали како ацетат и титаниум со рачно завршени детали.
New round – карактеристичните кругчиња на RayBan. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика. Доаѓа со кристални стакла во пријатна сина боја.