Прикажувам 1185–1200 од 3117 резултати
Domenico Dolce и Stefano Gabbana го рефлектираат својот раскошен стил во дизајнот на очилата, носејќи ја својата визија за луксуз и италијанска елеганција во секој модел. Luxottica го претвора нивниот концепт во готови производи со највисок квалитет.
Carrera – креиран во 1956 година во Австрија, како високо квалитетен спортски бренд. Брендот често се поврзува со автомобилизам, што се одразува во динамичност во стилот. Нагласена естетика, која вклиучува смели и авангардни форми.
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.
Ralph – претставува младешка и модерна линија на очила од брендот Ralph Lauren. Во себе го носи препознатливиот американски preppy стил, толку карактеристичен за брендот во целина.
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.