Прикажувам 1713–1728 од 3115 резултати
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Овој Vintage стил на RayBan обединува повеќе форми, градејќи притоа сопствена уникатност. Доаѓа со кристални стакла и лесен метал на рамката кој едвај го чувствувате.
Boss – совршен бренд за професионални и формални прилики. Се одликува со елегантни линии, дискретни детали и квалитетни материјали. Едноставна елеганција е термин кој најдобро го дефинира.
Erika – последниве години најпродаваниот RayBan модел, лесен и пријатен, ненаметлив, но софистициран, тој е дефиниција за минимализам.