No products were found matching your selection.
Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.
Carrera – креиран во 1956 година во Австрија, како високо квалитетен спортски бренд. Брендот често се поврзува со автомобилизам, што се одразува во динамичност во стилот. Нагласена естетика, која вклиучува смели и авангардни форми.
Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, машки модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли, овални и срцевидни форми на лице.
Aвангардната и визионерска естетика на Prada очилата се дело на креативниот тим на Miuccia Prada, која ги инспирира сите аспекти на колекциите на брендот. Производството на очилата е доверено на Luxottica, која осигурува висок квалитет и прецизност во изработката.
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот и секогаш 100% UV заштита за леќите.