No products were found matching your selection.
Carrera – креиран во 1956 година во Австрија, како високо квалитетен спортски бренд. Брендот често се поврзува со автомобилизам, што се одразува во динамичност во стилот. Нагласена естетика, која вклиучува смели и авангардни форми.
Модернизирана верзија на RayBan од `60 години на минатиот век, со своите оштри рабови и дебела пластика, ова е модел за смели девојки. Пластиката е ацетатна, а стаклата се кристални и нежно сини.
Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направен овој рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.