Прикажувам 241–256 од 2989 резултати
Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.
Carrera – креиран во 1956 година во Австрија, како високо квалитетен спортски бренд. Брендот често се поврзува со автомобилизам, што се одразува во динамичност во стилот. Нагласена естетика, која вклиучува смели и авангардни форми.
Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.
Kat – овој модел инспирацијата ја влече од `60години на минатиот век. Екстремно болдираниот фронт и дебелите дршки комплетно го менуваат ликот на девојката која се осмелила да ги носи.
Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.
Guess Eyewear се лансирани на пазарот во 1983 година, само две години по лансирањето на модниот бренд Guess. Довербата за дизајнирање, произвотство и дистрибуција им е доделена на Marcolin Group. Guess денес е сериозен бренд кој го трасира правецот на модата во светот на очилата.