[aws_search_form]
[aws_search_form]
[aws_search_form id=1]

Swarovski

Swarovski очилата се синоним за префинетост и блескав стил. Процесот на производство на Swarovski кристалите е строго чувана тајна од 1895 година, денес успешно вградувани во луксузните линии на брендот.

9.890 ден

    Versace

    Versace – врв на италијанскиот луксуз, смели и впечатливи дизајни кои ja отсликуваат драматичната естетика на брендот. Креативната визија е наследство од Gianni Versace, денес под водство на неговата сестра, Donatella Versace.

    13.990 ден

      Ana Hickmann

      Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е  иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.

      9.490 ден

        RayBan

        Wayferer ease – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка.

        11.890 ден
          нема на залиха

          RayBan

          Овој нежен метален модел на RayBan има специфична пеперугеста форма како феминистичка варијанта на класичниот авијатор.

          8.190 ден
            нема на залиха

            Vogue

            Од 1973 година кога е лансиран до денес, Vogue се дефинира како претежно женски бренд. Познат е по своите елегантни женствени модни дизајни. Користи комфорни материјали за оквирот, кои го прават адаптабилен и ергономичен.

            4.190 ден

              Carolina Herrera

              Carolina Herrera е венецуелскo-американска модна дизајнерка, која ја основа својата модна куќа во 1981 година. Брендот е познат по елегантни и софистицирани дизајни, кои зрачат со женственост. Изработката на очилата е доверена на италијанската компанија Safilo Group, позната по изработка и дистрибуција на очила на врвни модни куќи.

              Armani Exchange

              Armani Exchange – младешката, урбана линија на очила од реномираниот моден бренд Armani. Оваа колекција е насочена кон помладата публика и комбинира модерен дизајн со достапен луксуз. Дизајните вклучуваат смели линии, свежи бои и минималистички елементи.

              нема на залиха

              RayBan

              Варијација на препознатливите кругчиња на RayBan. Унисекс модел, совршено минималистички.

              нема на залиха

              RayBan

              Round metal – карактеристичните кругчиња на RayBan. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика.

              David Beckham

              David Beckham – луксузен бренд изработен од премиум материјали. Самиот Beckham, кој е познат по префинетиот стил, учествува во дизајнирањето на моделите. Брендот го носи неговиот печат на елеганција и практичност.