Прикажувам 65–80 од 1301 резултати
Wayferer ease – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка.
Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли, овални и срцевидни форми на лице.
Ana Hickmann е бразилски бренд на очила, основан во 2002 година, но многу брзо стекна глобална популарност. Duo-fashion е иновативна технологија која ја користи брендот за комбинирање повеќе стилови и бои во една рамка. При изработката се користат биоразградливи материјали.
Fendi очилата се познати по својот луксузен и авангарден дизајн, иновативни несекојдневни форми и препознатливиот FF монограм Лиценцата за дизајн, произвотство и дистрибуција на брендот, ѝ е доверена на италијанската компанија Thélios Group. Се произведуваат исклучиво во Италија, од високо квалитетни материјали како ацетат и титаниум со рачно завршени детали.