Често поставувани прашања

НАРАЧКИ

Се разбира. Заедно со нарачката треба да ни оставите информација за типот на стакла и диоптрија, по што можеме да ги изработиме и да ви ги испратиме. Диоптријата можете да ја проверите бесплатно и во една од нашите оптики. За типот на стакла и нивните цени можете да се информирате на 048 42 49 42.

Со секој продукт задолжително следува оригинално пакување и сертификат за оригиналност.

Без разлика дали се работи за подесување на очила, часовници или накит, секое подесување на производите се изработува во било која од нашите продавници.

Доколку производот што сакате да го купите го нема во вашата посакувана локација, може да се нарача преку нашите социјални мрежи, преку телефонски број или лично на локацијата од каде ќе бидат подигнати.

ДОСТАВА И ВРАЌАЊЕ

Производите се испорачуваат за 1–5 работни дена по нарачување на истите, со исклучок на производите кои треба да се изработат пред да се испратат.

Секој нарачан производ може да се врати во рок од 15 дена под услов да не е користен или оштетен, при што клиентот добива целосна рефундација за нарачката. При враќање на производи, клиентот ги покрива трошоците за испорака.

Да, во зависност од вашата нарачка и дестинацијата постои опција да се испраќаат производите по пошта или приватни курири. За повеќе информации ве молиме да нè контактирате на нашите социјални мрежи или лично во една од нашите продавници.

Пред да се подигнат производите треба добро да се проверат во присуство на курирот. Во случај на било какви оштетувања, пратката мора задолжително да се врати и случајот да се пријави. Во спротивно, ако пратката биде прифатена, клиентот одговара за било какви понатамошни оштетувања.

ПЛАЌАЊЕ

Постои опција за плаќање на нарачката преку интернет со Visa и Mastercard картички.

Покрај плаќање со картичка преку интернет, постои опција за плаќање со откупнина при достава на истите.

Доставата на нарачка над 6000 денари е бесплатна. Ако нарачката е под 6000 денари, клиентот ги покрива трошоците за испорака.