Прикажувам 129–144 од 377 резултати
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направен овој рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Wayferer oval – болдирана овална рамка која интересно одговара на повеќе форми на лице, погодна за вградување на повисоки диоптрии, бидејќи ја крие дебелината. Направена од фотосензитивен материјал, кој ја менува бојата на сонце.
Andy стилот е варијација на карактеристичниот Wayfarer, но посмирен и поблаг. Минимализмот е недвосмислено присутен. Исклучително е лесен и еластичен, доаѓа со некршливи поликарбонатни леќи.
Модернизирана верзија на RayBan од `60 години на минатиот век, со своите оштри рабови и дебела пластика, ова е модел за смели девојки. Пластиката е ацетатна, а стаклата се кристални.
Уште една стилска икона на RayBan, кој доаѓа со поликарбонатни некршливи леќи, многу цврсти, еластични и издржливи очила, наменети за активни мажи во outdoor услови.
Модата од `90 се враќа повторно на сцена. Ова е моќен машки модел, силен во стилот. Доаѓа со кристални стакла.