Aviator metal ii – Популарниот Aviator на RayBan е роден во 1937 година со конкретна намена: Да ги заштити очите на US борбените пилоти од сончевите зраци. Денес Aviator е целосно ребрендиран и модернизиран. Овој модел доаѓа со кристални фотосензитивни стакла, кои ја менуваат бојата.
Модата од `90 се враќа повторно на сцена. Ова е моќен машки модел, силен во стилот.
Jack е симплистички унисекс модел на RayBan, кој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел. Доаѓа со кристални стакла.
Round metal – карактеристичните кругчиња на RayBan. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика.
The Marshal ii – една од иконите на RayBan кој никогаш не излегува од мода. Унисекс, минималистички лесен модел, кој овде доаѓа со кристални стакла.
Drifter e модел со нагласена машкост. Гломазен и моќен, одговара на речиси сите форми на лице. Доаѓа со поликарбонатни некршливи леќи.