New caravan – основата на моделот датира од 1957 година, сега ребрендиран и модернизиран во тенка фина линија и кристални стакла.
Erika – последниве години најпродаваниот RayBan модел, лесен и пријатен, ненаметлив, но софистициран, тој е дефиниција за минимализам.
Овој класичен модел на RayBan е успешна комбинација на круг и квадрат. Лесно се вклопува во многу форми на лице, ергономичен, унисекс. Овде доаѓа со кристални стакла и пријатна темно зелена нијанса на рамка.
Неправилна форма меѓу правоаголник и круг Овде во свежа комбинација на тегет, црвена и сребрена боја
Нежен, минималистички правоаголен модел со супер тенки дршки и син огледален ефект на леќите.