Популарниот Aviator на RayBan е роден во 1937 година со конкретна намена: Да ги заштити очите на US борбените пилоти од сончевите зраци. Денес Aviator е целосно ребрендиран и модернизиран. Овој модел доаѓа со кристални стакла.
Erika – последниве години најпродаваниот RayBan модел, лесен и пријатен, ненаметлив, но софистициран, тој е дефиниција за минимализам.
Варијација на препознатливите кругчиња на RayBan. Унисекс модел, овде во транспарентна розе голд нијанса Пластичен фронт со метални дршки и прилагодливи носници.
Oval на RayBan потсетува на модата од `70. Тој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел.
Овој Vintage стил на RayBan обединува повеќе форми, градејќи притоа сопствена уникатност. Доаѓа со кристални стакла и лесен метал на рамката кој едвај го чувствувате.
New round – карактеристичните кругчиња на RayBan. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика. Доаѓа со кристални стакла во пријатна сина боја.
Нежен, минималистички правоаголен модел со супер тенки дршки и син огледален ефект на леќите.