Модернизирана верзија на RayBan од `60 години на минатиот век, со своите оштри рабови и дебела пластика, ова е модел за смели девојки. Пластиката е ацетатна, а стаклата се кристални.
Карактеристичните кругчиња на RayBan сега со дупли мост, кој му дава несекојдневност на стилот. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика. Доаѓа со кристални стакла.
Овој краток правоаголен машки модел е бестселер повеќе од 10 години. Одлично прилега на округло машко лице.
Jack е симплистички унисекс модел на RayBan, кој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел. Доаѓа со кристални стакла.