Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли, овални и срцевидни форми на лице.
Елегантна правоаголна метална машка рамка, која одлично прилега на секоја форма на лице.
Овој Vintage стил на RayBan обединува повеќе форми, градејќи притоа сопствена уникатност. Доаѓа со кристални стакла и лесен метал на рамката кој едвај го чувствувате.
Thalia – несекојдневна комбинација на круговите и болдираните остри ивици на RayBan. Унисекс модел изработен од фина ацетатна пластика.
Andy стилот е варијација на карактеристичниот Wayfarer, но посмирен и поблаг. Минимализмот е недвосмислено присутен. Исклучително е лесен и еластичен, доаѓа со некршливи поликарбонатни леќи.
Round metal – карактеристичните кругчиња на RayBan. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика. Доаѓа со кристални стакла.
Акцентирана правоаголна форма, карактеристична за RayBan, со нагласени ивици. Женски модел, кој одлично прилега на сите форми на лице.