Wayferer oval – болдирана овална рамка која интересно одговара на повеќе форми на лице, погодна за вградување на повисоки диоптрии, бидејќи ја крие дебелината. Направена од фотосензитивен материјал, кој ја менува бојата на сонце.
New caravan – основата на моделот датира од 1957 година, сега ребрендиран и модернизиран во тенка фина линија и кристални стакла.
Елегантен модел на RayBan кој доаѓа директно од `70. Тенок и дискретен, но моќен. Носи кристални стакла во нежна сина боја.
Елегантна правоаголна метална машка рамка, која одлично прилега на секоја форма на лице.
Модернизирана верзија на RayBan од `60 години на минатиот век, со своите оштри рабови и дебела пластика, ова е модел за смели девојки. Пластиката е ацетатна, а стаклата се 3р поларизирани, кристални и антирефлексни