Акцентирана правоаголна форма, карактеристична за RayBan, со нагласени ивици. Женски модел, кој одлично прилега на сите форми на лице.
Wayferer ease – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка.
Round metal – карактеристичните кругчиња на RayBan. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика.
Jack е симплистички унисекс модел на RayBan, кој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел. Доаѓа со кристални стакла.