Овој класичен модел на RayBan е успешна комбинација на круг и квадрат. Лесно се вклопува во многу форми на лице, ергономичен, унисекс. Овде доаѓа со кристални стакла и пријатна темно зелена нијанса на рамка.
Andy стилот е варијација на карактеристичниот Wayfarer, но посмирен и поблаг. Минимализмот е недвосмислено присутен. Исклучително е лесен и еластичен, доаѓа со некршливи поликарбонатни леќи.