Прикажувам 225–240 од 499 резултати
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Wayferer oval – болдирана овална рамка која интересно одговара на повеќе форми на лице, погодна за вградување на повисоки диоптрии, бидејќи ја крие дебелината. Направена од фотосензитивен материјал, кој ја менува бојата на сонце.
Елегантна правоаголна метална машка рамка со жица на долниот дел, одлично прилега на секоја форма на лице. Напомена: консултирајте не` при изборот на стакла.
Thalia – несекојдневна комбинација на круговите и болдираните остри ивици на RayBan. Унисекс модел изработен од фина ацетатна пластика.
Boyfriend – модел со нагласена машкост. Гломазен и моќен, а во исто време минималистички и исклучително ергономичен. Одговара на речиси сите форми на лице.
Jack е симплистички унисекс модел на RayBan, кој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел. Доаѓа со кристални стакла.