Унисекс очила за сонце, можат да бидат совршени и за него и за неа. Акцентирани и гласни, потсетуваат на основните класични RayBan модели. Доаѓаат со кристални стакла.
Кругчињата на RayBan се секогаш IN. Правилна округла форма и за нијанса поголеми од стандардните, пленат со својата нежна сина боја.
Wayferer oval – болдирана овална рамка која интересно одговара на повеќе форми на лице, погодна за вградување на повисоки диоптрии, бидејќи ја крие дебелината. Направена од фотосензитивен материјал, кој ја менува бојата на сонце.