Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли, овални и срцевидни форми на лице.
Овој Vintage стил на RayBan обединува повеќе форми, градејќи притоа сопствена уникатност. Доаѓа со кристални стакла и лесен метал на рамката кој едвај го чувствувате.
Andy стилот е варијација на карактеристичниот Wayfarer, но посмирен и поблаг. Минимализмот е недвосмислено присутен. Исклучително е лесен и еластичен, доаѓа со некршливи поликарбонатни леќи.
Boyfriend two е нова верзија на добро познатиот модел Boyfriend на RayBan, сега потенок, но еднакво гломазен и впечатливо машки. Одговара на многу форми на лице. Овде доаѓа со фино градуирани кристални стакла.