Boyfriend two е нова верзија на добро познатиот модел Boyfriend на RayBan, сега потенок, но еднакво гломазен и впечатливо машки. Одговара на многу форми на лице. Овде доаѓа со фино градуирани кристални стакла.
Варијација на препознатливите кругчиња на RayBan. Унисекс модел, овде во комбинација на црно и сребрено. Пластичен фронт со метални дршки и прилагодливи носници.
Frank – машки модел на RayBan, кој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел. Доаѓа со кристални стакла.
Уште една стилска икона на RayBan, кој доаѓа со поликарбонатни некршливи леќи, многу цврсти, еластични и издржливи очила, наменети за активни мажи во outdoor услови.
New caravan – основата на моделот датира од 1957 година, сега ребрендиран и модернизиран во тенка фина линија и кристални стакла.