Правоаголна форма, карактеристична за RayBan, унисекс модел. Ја крие дебелината на повисоки диоптрии. Одговара на округли, овални и срцевидни форми на лице.
Карактеристичните кругчиња на RayBan сега со дупли мост, кој му дава несекојдневност на стилот. Унисекс модел, кој се носи во секоја прилика.
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Frank – машки модел на RayBan, кој е совршено ненападен во својот минимализам, едноставен, но сепак смел. Доаѓа со кристални стакла.