Варијација на препознатливите кругчиња на RayBan. Унисекс модел, совршено минималистички.
Wayferer – најпознатиот модел на RayBan, креиран во раните `50 години на минатиот век, никогаш не излезе од мода. Но, секоја нова колекција додава одредени варијации, како на пример фотосензитивноста на материјалот од кој е направена оваа рамка. Во затворена просторија рамката и стаклата се посветли, на сонце потемнуваат.
Овој нежен метален модел на RayBan има специфична пеперугеста форма како феминистичка варијанта на класичниот авијатор.
Zena е силно нагласена пеперугеста форма за силни девојки. Оваа боја е наречена Snow white.
Модернизирана верзија на RayBan од `60 години на минатиот век, со своите оштри рабови и дебела пластика, ова е модел за смели девојки. Пластиката е ацетатна, а стаклата се кристални.