Штетните Последици на Сината Светлина
Напредокот во технологијата донесе нови предизвици на кои човечките очи не можат брзо да се адаптираат. Секој екран, без разлика дали е компјутер, телевизор, лаптоп, телефон, зрачи сина светлина која е штетна за нашите очи. Со цел да се заштитиме од неа ние мора да носиме соодветни леќи.
Што е сина светлина и зошто е штетна?
Синиот спектар е опсегот на видлива светлина помеѓу виолетова и цијан. Иако сончевата светлина содржи сина светлина, денес најголем дел од изложеноста потекнува од дигиталните уреди и LED диоди. За разлика од УВ зрачењето, штетната сина светлина продира во окото.
Најголемиот дел од светлината до 400 nm е апсорбирана од страна на рожницата и леќата. Сината светлината на спектар од 415 до 455 nm делумно поминува низ леќата и стигнува до ретината и макулата, притоа нѐ изложува на потенцијално оштетување на видот.

Што е Blue Filter и како ни ги штити очите?
Со цел да ги заштитиме нашите очи, врз оптичките леќи ставаме „blue filter“, заштитен слој кој ја блокира или апсорбира штетната светлина. Филтерот целосно ја одбива сината светлина и ги шитити очите од дополнително оштетување. Стаклата се заштитени со дополнителна УВ заштита, хидрофобик слој кој не задржува капки од вода, антистатик слој кој одбива прашина (полесни за одржување), антирефлексен слој кој ја намалува несаканата рефлексија и обезбедува јасен вид. Покрај тоа, имаат 8 тврди слоја против гребење и електромагнетен блокатор. Самиот заштитен слој има мал жолтеникав отсјај кој се приметува при работење на компјутер, особено кога сликата која ја гледаме има бела позадина.
ZEISS ClearView BlueGuard спореден со останатите Blue Filter леќи
ZEISS е симбол на прецизност, квалитет и визија што трае повеќе од 175 години. Како светски број еден производител на оптички стакла, компанијата континуирано го редефинира значењето на совршениот поглед и поставува нови граници во технологијата на видот.
BlueGuard претставува новата генерација на германски изработени стакла. Тие наместо комплетно да ја блокираат сината светлина, ја двојат на модро-виолетова и на модро-тиркизна боја. Модро-виолетовата светлина ни штети и комплетно ја бликира, додека модро-тиркизната боја која ни ги одмара очите целосно ја пропушта. Затоа кога ги носиме стаклата по повеќе од 8 часа пред монитор, добиваме пријатно чувство на одморени, а не напрегнати и црвени очи.
Самата заштита кај BlueGuard леќите не се нанесува како слој, туку е вградена во молекуларниот состав на материјалот на леќата. Тоа значи дека обичните стакла при гребење на слојот ја губат способноста да ни ги заштитат очите, затоа што сината светлина „проѕира“ низ гребнатинката, додека кај Blue Guard заштитата не може да се оштети.
Благодарение на ClearView технологијата, стаклата се потенки, полесни и со порамна површина во споредба со други стакла со ист индекс на рефракција. Диоптријата се нанесува преку над 700 точки на површината, што ги сведува оптичките аберации на минимум и овозможува поширока и појасна зона на гледање.

